Вонредна седница на британската Влада поради запленетиот танкер во Ормутскиот Теснец

Британската премиерка Тереза Мај денеска свика вонредна владина седница на која ќе се дискутира за реакцијата што треба да му се испрати на Иран по запленувањето на танкерот со нафта под британско знаме во Ормутскиот Теснец.
Како што пренесуваат британските медиуми, на министерскиот состанок ќе се разговара за тоа како да се обезбеди поморска безбедност во чувствителниот регион што е од витално значење за глобалните нафтени испораки.
Министерот за надворешни работи Џереми Хант по седницата планира да го информира Парламентот за запленувањето на танкерот „Стена Имперо“ и неговиот екипаж од 23 луѓе, што сега е во иранско пристаниште.
Иран објави нов видеоматеријал со бродот и соопшти дека екипажот е безбеден.
Ниту еден од 23-те приведени не е британски граѓанин, тие се претежно индиски, филипински, руски и латвиски граѓани.
Ново на Сител
-

Регистрирани 20 пожари на отворено - 18 се изгаснати, еден е активен, а еден е под контрола
-

Николоски: Дијаспората доби директна линија Женева – Скопје
-

Хирошима на годишнината од атомското бомбардирање повика на целосно укинување на нуклеарното оружје
-

САД планираат дополнителни 242 милиони долари помош за борба против еболата во Африка
-

ОН: Во јули во Украина регистриран најголем број цивилни жртви од април 2022 година
-

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, температурата до 39 степени
-

Ангелов: Спречена катастрофа во виничко, запалена трева при сечење со брусилица | ВИДЕО
-

Приведен полицаецот кој наплаќал казни во кеш наместо преку ПОС-терминал и го оштетил Буџетот за 85.500 денари
