Вонредна прогноза на УХМР

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: 39 Скопје-Петровец, Тетово, 38 Скопје-З.Рид, 37 Штип, Виница, 36 Битола, Прилеп, Д. Капија, Гевгелија, 35 Тополчани, Кр. Паланка, 34 Ѓуриште, Охрид, Струмица, Пожаране, 33 Претор, 31 Берово, 30 Маврово.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево и многу топло, во североисточните делови со мала до умерена локална облачност. Во поголем дел од земјава дуваше умерен, а во источните делови повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец (во Штип со брзина од 55 км/час). Во западните делови ветерот беше слаб до умерен од југозападен правец.
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, долж Повардарието и во источните делови со умерен, повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има зголемување на облачноста.
ВРЕМЕТО УТРЕ: Сончево со умерена облачност, повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има локална појава на дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер. Т-мин. од 15 до 22, а т-макс. од 30 до 37 степени.
СКОПЈЕ : Сончево со умерена облачност, повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер. Т-мин. 21, а т-макс. до 34 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: И во среда ќе има повремено зголемување на облачноста и појава на локален дожд со грмежи. Во четврток врнежи ќе има на повеќе места, а локално ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи. Дневната температура позначителен пад ќе има во четврток, кога ќе биде и најсвежо, со дневна температура од 23 до 29 степени. Од петок времето ќе се стабилизира, а дневната температура ќе биде во постепен пораст.
Ново на Сител
-

Зеленски: Украина може на долг рок да ја надмине Русија во производството на високотехнолошко оружје
-

Безживотно тело доцна синоќа извлечено од реката Вардар
-

Апелација ја одби жалбата на Стојанче Јовановски - осуден дека ја навел сопругата да се самоубие
-

При претрес на стан пронајдени над 11 килограми марихуана, 400 грама кокаин и поголема количина ЛСД
-

Франција: Портокалов метеоаларм поради горештини издаден за два департмани
-

Денес топло со мала до умерена облачност
-

Почина проф. д-р Катерина Мирчевска
-

Трамп и Нетанјаху договорија состанок „во блиска иднина“
