Вонреден министерски состанок на ЕУ за коронавирусот в четврток

Коронавирусот однесе над илјада жртви во светот, а бројот на заразени расте и во земјите на Европската Унија.
Министрите за здравство на сите 27 земји членки се свикани на вонреден состанок во Брисел, на кој ќе се разговара, меѓу другото, дали треба да се воведе ограничување врз летовите од и кон Кина, репатријацијата на европските граѓани и одговорот на кризните центри.
Од 27 земји членки само Италија до сега одлучи целосно да ги суспендира летовите кон и од Кина, но според дискусиите на дипломатско ниво кои се одржаа вчера во Брисел, другите земји членки не планираат да му се придружат на Рим.
Министрите треба да се договорат за заеднички итни здравствени и хигиенски мерки на европска територија за да се спречи ширењето на овој вирус.
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) порача дека е многу веројатно епидемијата да е поголема отколку што се мислеше, со оглед на тоа дека се детектирани заразени лица кои никогаш не патувале во Кина.
Претставник на СЗО ќе им се придружи на министрите на ЕУ в четврток.
Според официјалните податоци на земјите членки на ЕУ, до сега има 14 заразени лица во Германија, единаесет во Франција, тројца во Италија, четворица во Велика Британија, двајца во Шпанија и еден во Белгија, Финска и Шведска. Осумнаесет од овие случаи се увезени, останатите се заразени локално.
Ново на Сител
-

Сем Алтман и Дарио Амодеј повикани на сослушување за вештачката интелигенција во австралискиот Сенат
-

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург
-

Масовни протести се одржаа во голем број германски градови против планираните намалувања на владините трошоци
-

Над 741 илјади туристи ја посетиле државата за седум месеци, најмногу од Турција, Германија и Србија
-

Девет лица уапсени под сомнение за воени злосторства на север во Косово
-

OpenAI ја прекинува работата на најнапредните модели на вештачка интелигенција поради безбедносен пропуст
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, температура од 6 до 23 Целзиусови степени
-

Македонското знаме се крена над Њујорк
