Спорт плус
15. February 2018 - 13:44

Волтие ја прекина доминацијата на американските сноубордисти

 
 
 
Французинот Пјер Волтие победи во дисциплината сноуборд крос и ја прекина доминацијата на Американците во овој спорт на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.
 
Волтие го повтори успехот од пред четири години кога исто така на Олимпијадата во Сочи го освои златото.
 
Сребрениот медал го освои Џерид Хјус од Австралија, додека бронзата му припадна на Рехино Ернандез од Шпанија.