„Волстрит Џурнал“: Русија ги зголемува безбедносните мерки од можен нуклеарен напад
Русија ги обновува скривниците и ги тестира гас-маските во време на затегнати односи меѓу рускиот претседател Владимир Путин и САД, со што дополнително се подгрева Студената војна, оценува весникот „Волстрит Џурнал“ во текст под наслов „Русите изведуваат вежби за преживување во случај на експлозија на нуклеарна бомба“.
Американскиот весник наведува дека „руските власти ги зголемиле мерките за преживување во случај на нуклеарна војна при пресметка со Вашингтон, бришејќи ја прашината од плановите за цивилна заштита од советската ера и обновувајќи ги скривниците во најголемите градови“.
- Студената војна се врати во Министерството за вонредни ситуации во Кремљ. Земјата неодамна го одржа најголемите вежби за цивилна заштита уште од распадот на СССР, во кои, како што наведуваат претставниците, 40 милиони лица извршиле вежби за одговор на хемиска и нуклерна закана, пишува „Волстрит Џурнал“.
Весникот додава дека „паралелно со тоа, коментаторите од медиумите под државно влијание, упатуваат ужасни антиамерикански коментари, какви што не се слушнати со години“.
- На Русија и е доста од арогантните лаги на Америка, ги пренесува зборовите на „влијателниот коментатор Дмитриј Кисељов“, искажани овој месец по пропаѓањето на сирискиот мировен план.
Шефот на рускиот „Левада Центар“ за истражување на јавното мислење, Лев Гудков, за „Волстрит Џурнал“ вели дека „заканата со нуклерна војна исто така праваи полесно да се влијае врз жителите со цел тие да не бидат критички настроени кон власта“.
- Поголем дел од луѓето веруваат дека Третата светска војна веќе е почната, но сега се уште сме во студената фаза на војната, која може, а и не мора, да се претвори во огнена војна. А за време на војната морате да ја поддржувате власта во вашата земја, наведе Гудков.
Ново на Сител
-
Запленетиот кокаин во Скопје припаѓал на нарко групата на Штекли, напиша Јанев | ФОТО
-
До крајот на месецов треба да биде готова новата методологија за потрошувачката кошничка, вели Дурмиши
-
Пожар во една од највисоките згради во Буенос Аирес
-
Дурмиши: Утре или најдоцна задутре треба да се достави Предлог-одлуката за ограничување на маржите до Владата
-
Русија е подготвен да произведува авиони од петта генерација Су-57 во Индија
-
Зеленски подготвен за размена на територии со Москва: Украински области заземени од Русија во замена за Курск
-
Коцевски: Моето постапување во случајот со Вишото јавно обвинителство е согласно закон
-
Данската разузнавачка служба предупредува дека Русија може брзо да се подготви за војна во Европа