Волос и околината повторно под вода
Грчкиот град Волос, како и околните села, повторно се поплавија, по втор пат во период од неколку седмици, а невремето „Илиас“ ги зафати и областа Тесалија и северниот дел на Евија, каде што исто така има проблеми, јави дописничката на МИА од Атина.
Жителите на Волос и околината, поминаа тешка ноќ, повеќе делови се без струја и вода, улиците се поплавија и поради обилниот дожд и поради изливање на реката Кравсидонас, а од вчера во градот има забрана за движење, откако од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите.
Од Противпожарната служба на Грција соопштија дека во областа Магнисија, поширокиот регион на Волос од пладневните часови вчера до денеска наутро примиле 1.200 повици, а 257 лица биле пренесени на безбедни локации.
Според локалното население, новото невреме било посилно и покатастрофално во споредба со претходното „Даниел“ што ја зафати Грција на почетокот на месецов.
Градоначалникот на Волос, Ахилеас Беос, говорејќи за грчката телевизија ЕРТ утрово рече дека домови и бизниси повторно се поплавени, во опасност беа човечки животи, 80 отсто од градот е без струја, а проблеми има и со водата.
Поплави има и во областа Тесалија, каде што вчера беа евакуирани десетици села, додека пак во северниот дел на островот Евија, постои целосна забрана за движење во четири населени места, откако утрово до жителите беше испратена порака од бројот 112.
Ново на Сител
-
Пресуда за криминалната група од Грчец
-
Мицкоски: Извештајот на ГРЕКО е признание за напорите на владата во борбата против корупцијата, ќе продолжиме уште пожестоко
-
Државниот Завод за Ревизија одржа конференција за финансиска отчетнос на изборите
-
Нуркањето привлечно за туристите
-
Екоактивисти во Струмица маршираа против загадувањето од депонијата Шапкар
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија не е мизерна и нема да пропадне ако не влезе во ЕУ, кажа хрватскиот претседател Милановиќ
-
Тема на денот со Татјана Стојаноска Иванова, професорка на Институтот за социологија