Волонтеризмот шири солидарност и создава покохезивни заедници
Околку 7.500 волонтери во рамки на Црвениот крст на Република Македонија помагаат во справување со последици од катастрофи, на семејствата во социјален ризик, но се подготвени да се стават на располагање и за други кризни ситуации. Волонтерзимот, велат од Црвениот крст на РМ, помага за создавање покохезивни заедници, но помага и во ширењето солидарност помеѓу луѓето што е добра основа за мобилизирање на населението кога е потребно, односно во ситуации на поголеми катастрофи, кризи, справување со мигранти…
-Во нашите редови делуваат околу 7.500 илјади волонтери што е огромен капацитет во спроведувањето на нашите активности на терен. Изминатава година бевме во ситуација да помогнеме на над 20 илјади луѓе погодени од последици од катастрофи, помогнавме на над 10 илјади семејства во социјален ризик, а и во собирањето 55 илјади единици крв, рече генералниот секретар на Црвениот крст на РМ Саит Саити, на денешната конференција по повод Меѓународниот денот на волонтеризмот 5 Декември.
Тој вели дека волонтерите се луѓе кои имаат огромни капацитети, пред се, како што рече, човечки кои се мотивирани од алтруистички побуди и доброволно се ставаат во функција на помош и поддршка на ранливите категории граѓани.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, смета дека системот на социјална заштита се збогатува со учеството на волонтерите.
– Во светот многу социјални и заштитни системи функционираат врз основа на волонтеризам и волонтери затоа што тие го даваат своето време, знаење, посветеност и искуство без паричен надоместок само затоа што сакаат да помогнат. Едно општество без солидарност не може да функционира. Токму затоа сметам дека волонтерството како алка во целиот систем е многу важно, рече Царовска.
Таа смета дека треба да има што повеќе граѓани кои сакаат своето слободно време, искуство и знаење да го споделат со цел унапредување на квалитетот на живеење на оние кои, како што рече, се поранливи или денеска не можат, но, можеби утре ќе можат и тие да помогнат некому во нашето општество.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Очекуваме одговор од студентите за предлогот за студентскиот оброк, разговаравме и за правосудниот испит
-

Клековски на 12. турски медицински светски конгрес: Глобалните здравствени предизвици бараат заеднички одговори
-

Мерки претпазливост за приведените за милионски проневери во ФЗОМ
-

Раст на прометот со храна и горива, пад кај непрехранбените производи во септември
-

Од утре врнежи од дожд, локално пообилни
-

Четворица загинати во падот на хеликоптерот на ЕУФОР, двајца повредени во Тузла, девет во Брчко
-

Танкер во Ормуската Теснина е погоден од чамец со експлозив
-

„112 не е број за секојдневни проблеми“ - ЦУК со апел: Не ја блокирајте линијата, нечиј живот може да зависи од повикот

