-->
-->
Волонтери на Црвениот крст на летен камп во Кокино
-->
Четириесетина волонтери од општинските организации на Црвениот крст од Куманово, Крива Паланка, Карпош и Велес учествуваа на традиционалниот летен камп кој се одржа во Кокино од трети до седми јули во организација на кумановскиот Црвен крст.
Надлежните од организацијата, денеска информираа дека волонтерите се обучувале на повеќе теми- запознавање на младите со активностите на Црвениот крст, социјално- хуманитарна дејност, здравствено-превентивна дејност, ХИВ, СИДА и комуникација и говорништво.
-Обуките ги држат наши претходно обучени волонтери. Кампот се организира секоја година, но на различни теми. Сметаме дека изборот на годинешнаве теми е одличен, бидејќи, соодветствува со потребите и општото инфорирање на младите. Волонтерите на четиридневниот семинар се обучија како да извршат проценка, како да пружат неоходна помош на граѓани на терен како да постапат при одредени ситуации, истакна Бојан Петрушевски, секретар на кумановскиот Црвен крст
Волонтерите во општинската организација на Црвениот Крст најчесто доаѓаат од средношколска и студентската возраст.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Данска од утре претседава со ЕУ - што може да очекува Македонија?
-
ДУИ ќе бара кривични за пописот - ВРЕДИ обвинува за предавство
-
Конечно пуштен во употреба експресниот пат Фариш – Дреново во должина 10.2 км, инвестиција од 45 милиони евра
-
Силен раст на индустриското производство во мај
-
„Конти Хидропласт“ донира 100.000 евра за реконструкција на интерното одделение во Гевгелија
-
Почна вториот уписен рок, во некои гимназии можно е повторно приемно тестирање
-
Пеколните горештини ги полнат невролошките одделенија во болниците
-
Мрежите духови закана за живиот свет во езерото