-->
-->
Војник манијак - Се соблекал гол и бркал девојки
-->

Драгован Белоиќ (44), вoјник во Армијата на Србија и татко на три деца е уапсен завчера и тоа бидејќи нападнал две девојчиња. Тој најпрвин ги следел средношколките, па потоа им се соблекол и им го покажал својот полов орган.
Осомничениот е обвинет за недозволено полово дејствие, за кое е предвидено казна затвор од три години.
-Осомничениот во близина на Кинескиот трговски центар во Нови Пазар забележал две девојчиња на возраст од 16 години. Едната од нив е ученичка во гимназија, додека пак другата во медицинското средно училиште. Тој решил да ги следи, а по неколку минути и им упатил неколку навредливи зборови. Девојчињата се исплашиле и почнале да бегаат но тој продолжил да ги следи, вели извор за Блиц кој е запознаен со истрагата.
Според извори на истрагата, жртвите решиле да побараат помош. Тогаш осомничениот застанал, ги соблекол панталоните и го извадил половиот орган. Веднаш потоа тој се упатил кон својот автомобил и избегал.
Осомничениот војник, како што дознава Блиц е оженет и има три деца. Тој и претходно бил приведен во полициска станица под сомнение дека извршил незаконски сексуални дела. Но поради немање доволно докази, обвинителството се откажало.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Даночно затајување од 7,4 милиони денари, кривична за двајца управители
-

Романо: Мурињо и Реал се договорија
-

Парада на гордоста под слоганот „Сите нека знаат“ на 20 јуни во Скопје
-

ПОЦ воспоставува нов систем на паркирање во Центар
-

Криптовалутите под притисок: Биткоинот и алткоините губат од вредноста
-

„Гугл“ воведува измени за корисниците на „Џимејл“
-

Повеќе од 4.500 учесници од Македонија и од странство дел од овогодинешниот „Прв до врв“
-

Претседателката Сиљановска-Давкова во Љубљана пречекана со највисоки државни почести од колешката Пирц Мусар
