Војник херој во масакрот - украл камион и пренесувал повредени

Ветеранот од војната во Ирак, Тејлор Винстон, за време на нападот во Лас Вегас, украл камион и почнал да ги пренесува повредените во болница.
Дваесетидеветгодишниот Винстон, бил на фестивал на кантри музичка, во друштво на неговиот пријател, кога Стивен Педок почнал да пука во масата, при што загинаа 59 лица, а беа повредени повеќе од 500 лица.
Поранешниот маринец прво помислил дека се работи за петарди, а потоа видел како луѓето паѓаат погодени од рафали кои пристигнувале од 32 кат од хотел.
Тој го напуштил концертот, но наместо да се снаоѓа и да избега на сигурно место, украл камион во кој немало возач, почнал да ги собира ранетите и да ги пренесува во болница.
- Пријателот и јас, за среќа наидовме на камион во кој беа само клучевите. Почнавме да ги возиме жртвите, свртевме неколку кругови и се обидовме да помогнеме најдобро што можеме, додека не пристигне Брзата помош, рече Винстон.
Тој додаде дека пренеле најмалку 24 лица, а по пристигнувањето на службите за спасување, организирале прва помош за повредените.
- Се плашам дека некои од нив не се веќе меѓу живите... Не можам да бидам сигурен, но мислам дека некои не се извлекоа, но се надевам на најдобро. Лут сум поради сето ова што се случи, додаде Винстон.
Ново на Сител
-

Етна повторно исфрла пепел, илјадници туристи блокирани на Сицилија
-

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
-

Јаневска: Учебниците ќе бидат навреме доставени, вештачката интелигенција треба да се користи етички во образованието
-

Пронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лице
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци
-

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство, едно семејство со хумана одлука спаси два живота
-

ЦУК: Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот
-

Ѓорѓиевски: Скопје има безбедна вода за пиење
