Македонија
8. October 2018 - 23:43

Војниците добиваат нови чизми

7200 македонски војници ќе добија нови чизми. Оваа одлука на Министерството за одбрана е дел од стратегијата за решавање на осоновните проблеми со кои се соочуваат припадниците на АРМ. Министерката Шеќеринска истакна дека овој чекор потврдува дека членството во НАТО не е само политичка цел, туку и шанса за македонската војска да ги подобри условите за работа.

Договорот за набавка е потпишан денеска, а тендерот вреден 650.000 евра го добила македонска фирма, во доминантно хрватска сопственот. Целата испорака на чизмите треба да се случи во рок од 90 дена. Последен пат војнички чизми се набавени во 2012 година.