Војната би можела да заврши до мај, оценува советникот на Зеленски
Војната во Украина би требала да заврши до мај, бидејќи Русија ќе остане без ресурси за продолжување на инвазијата, тврди советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович.
Повикувајќи се на видео објавено од неколку украински медиуми, „Ројтерс“ известува дека Арестович вели дека точниот момент ќе зависи од тоа колку пари Кремљ е подготвен да посвети на воената кампања, пренесува Н1.
„Мислам дека треба да имаме мировен договор најдоцна во мај, на почетокот на мај, можеби многу порано, ќе видиме, зборувам за најновите можни датуми“, рече Арестович.
„Сега сме на крстопат – или ќе се постигне мировен договор многу брзо, во рок од една или две недели, со повлекување на војниците и сè друго или ќе се обидат да донесат некои, да речеме Сиријци за вториот круг и, кога и нив ќе ги сомелеме, ќе се постигне договор, било да е тоа до средината на април или крајот на април“, рече тој.
„Целосно лудо сценарио може да вклучува Русија да испрати нови регрути по еден месец обука“, оцени советникот.
Ново на Сител
-
Родителите на починатите деца во трагедијата во Пулс огорчени од средбата со премиерот
-
СДСМ бара Мицкоски да се извини
-
„Македонско најдобро“ – Почнува кампања за купување домашни производи
-
Владата размислува за линеарно зголемување на пензиите - по 1.000 денари во септември и 1.000 во март
-
Нова НАТО опрема, армијата се модернизира
-
Затвор за Бразилка која посредувала во проституција
-
Обвинување за непотизам при вработување во М-НАВ
-
Преглед на вестите од светот