Војна на Меркел на Балканот
Изјавата на германската канцеларка дека се плаши дека на Балканот можат да избијат вооружени судири, ако Германија ги затвори границите за влез на бегалците, имаше безмалку неверојатен миротворен ефект на балканските лидери. Сите тие брзо порачаа дека ќе направат се, војна на Балканот повеќе да нема. Иако нејзината изјава дојде токму во моментот кога „Њујрк тајмс‟ објави напис за тоа дека Србија и Хрватска, наспроти историската меѓусебна војна, сега успешно соработуваат на транзитот на бегалците, канцеларката не го изнесе ова вознемирувачко предупредување, непромислено. Напротив, таа со изјавата целеше на две места.
Од една страна, со ова таа ги гаѓа сите тие во Германија, кои од неа бараат веднаш да ја прекине својата политика на „отворени врати‟ за бегалците, наметнувајќи на јавноста заклучок дека ако ги послуша, Германците повторно ќе бидат одговорни за една војна.
Бидејќи Балканот и понатаму важи за многу трусно подрачје, а Германците по ниту една цена не сакаат повторно да бидат одговорни за некоја војна, овој аргумент на Меркел претставува всушност нејзина тешка политичка артилерија против противниците, но и коалициските партнери.
Минатиот викенд успеа да се помири со баварскиот премиер Хорст Зехофер, кој во изминатите недели на нејзина сметка изнесе такви критики што повеќе личеше на лидер на ултрадесничарското движење Пегида или партијата Алтернатива за Германија, отколку на лидер на сестринската партија на Меркел, ЦДУ.
Од понеделникот повеќе не го спомнува затварањето на како што истакнуваше „баварско-австриската граница‟, а на тоа се надеваат само ултрадесничарите. Нивната популарност расте, но тоа би можело да се промени ако сега излезе дека на некој начин заговараат војна на Балканот.
Изјавата на Меркел е предупредување и за нејзиниот партнер во владата СПД кој се уште се противи на идејата за отварање на транзитни зони на границата на Германија во кои бегалците би биле притворени се додека не се процени дали имаат право на азил.
„Воениот‟ аргумент ќе овозможи на СПД да има пред гласачите изговор ако се согласи на овој потег, додека целата влада на Меркел со овие силни аргументи наметнува на јавноста впечаток дека сепак не е точно дека нема контрола над бранот на бегалците.
Од друга страна, ова е и порака на балканските лидери дека Германија ги има на око и дека овој пат не сака војна. Тоа што некогаш на поединци тајно праќаше оружје или пак се откажуваше од своите повоени политики да учествува само во воени интервенции кои ќе ги одобрат ОН, не значи дека Германија сега навистина не сака да биде фактор за стабилноста на Балканот.
Меѓутоа, проблемот во таа математика лежи во тоа што од бегалците поопасни се изворните балкански проблеми, кои се премногу. Од сиромаштија, корупција и слабо владеење на правото, преку политичките тензии во Подгорица, Скопје и Приштина, до нефункционалноста на БиХ, непочитување на Бриселскиот договор, страв кај Хрватите дека Србија ќе стнае руска воена база, словенечко-хрватските тензии околу границите, вечните поделби на усташи и четници...
Ново на Сител
-
Во петок дожд и снег на планините, за викендот стабилно и студено време
-
На посиромашните земји им требаат трилион долари годишно до 2030 година поради климатските промени
-
Пронајден кокаин, марихуана и две дигитални ваги кај 26 годишна девојка во Аеродром
-
Отишле на лов па го застрелал од пушка за која немал дозвола, уапсен 54 годишник во Штип
-
Андоновски: Корупцијата не смее да ја загрози дигиталната безбедност
-
По четири дена изгаснат е пожарот на планината Беласица
-
Раде Штекли повреден по експлозијата на бомба во Керамидница
-
Фрлена бомба во двор во Керамидница, едно лице повредено