Воислав Димовски не доби поддршка за уставен судија од Комисијата за прашања на изборите и именувањата
Комисија за прашања на изборите и именувањата попладнево не го утврди предлогот Воислав Димовски да биде избран за судија на Уставниот суд.
Димовски, доскорешен јавен обвините од Основното јавно обвинителство во Охрид, за уставен судија беше предложен од опозицијата.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков забележа дека се врши крајна партизација на судството и оти изборот на судии не се врши во Собрание, туку тоа е веќе договорена работа. Тој рече дека во салата не се присутни членовите на Комисијата од мнозинството за да се соочат со прашањето кој ги исполнува критериумите за истакнат правник а кој не.
– На наши неброени прашања, според кои критериуми беше избрана Татјана Васиќ, а судијата Тодор Витларов, со долгогодишно судско искуство, не беше избран, не добивме одговор. Ние предлагаме кандидати како Воислав Димовски, Витларов, за да бидат контраст на оние кои ги предлага мнозинството. Татјана Васиќ, без судско искуство, била советник во Министерството за здравство, подоцна во Министерството за правда. Додека таа беше советник во Министерството за здравство, многу од законите предложени од тоа Министерство овде беа турнати, рече Лефков.
Комисија за прашања на изборите и именувањата расправата за уставните судии треба да ја продолжи в понеделник.
Ново на Сител
-
Од понеделник нема да возат приватните превозници во Скопје
-
Трнливиот пат и бурите од Пакистан до Македонија на бегалецот Алириза Куреши
-
Прилепчани со велосипед од Цирих
-
Тема на денот со Сара Миленковска
-
Енергетски колапс: Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија со часови без струја
-
Пеколни горештини - Пијте вода, внесувајте електролити, контролирајте го притисокот апелираат лекарите
-
Шетаат змии низ Скопје: Две лица за една недела завршија на Инфективна
-
Таравари во понеделник ќе ги разреши економските директори на здравствените установи