Воени вежби на НАТО во Грузија
Во воената база „Вазиани“, во близина на грузискиот главен град Тбилиси, денеска започнаа воените вежби „Благороден партнер 2017“, со учество на војници од осум држави членки и партнери на НАТО.
Како што јави ТАСС, на маневрите, што ќе траат до 12 август, учествуваат околу 2.800 војници од Грузија, Велика Британија, Германија, Ерменија, Словенија, САД, Турција и Украина.
Грузискиот министер за одбрана Леван Изорија изјави дека овие вежби се јасна демонстрација на поддршката на САД и НАТО за Грузија и за нејзината безбедност и за аспирациите за члеснтво во Алијансата.
Премиерот Гиорги Квирикашвили пак оцени дека маневрите се од големо значење за зајакнување на стабилноста во регионот и најави дека американскиот потпретседател Мајкл Пенс за време на престојот во Грузија, ќе ја посети базата „Вазиани“ и лично ќе ги поздрави учесниците на вежбите.
Пенс треба утре да допатува во дводневна посета на Грузија.
Ново на Сител
-
Во Кривичен денеска треба да биде објавена пресудата за убиството кај „Мавровка“
-
Одбележување на Денот на Специјалната антитерористичка единица ТИГАР
-
Трибина за пет години од членството на државава во НАТО
-
Во Собранието седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата
-
На атинското пристаниште Пиреас запленети 54 килограми кокаин во вредност од 2,35 милиони евра
-
Рубио: Примирјето во Украина е можно во рок од неколку дена доколку Москва се согласи
-
Променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи
-
Состојба на патишта