Воени хелихоптери и авиони го надлетуваат Скопје - што се случува?
Транспортни авиони, авиони за обука, хеликоптери М-17 денеска гордо прелетаа над Скопје. Минувачите низ централното градско подрачје беа изненадени од продорниот звук што го параше небото. Леталата за само неколку секунди го прелетаа Скопје, почнувајќи од Петровец, преку Центар и Карпош, па сѐ до Ѓорче Петров.
Оваа свеченост беше по повод Денот на воздухопловната бригада. На прославата во касарната во Петровец присуствуваа министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски, како и претставници од Министерството за одбрана и на Генералштабот на АРМ.
Постоењето на воздухопловната бригада се темели врз одлуката на претседателот на Република Македонија од 10 април 1992 година со која е формирана командата на воено воздухопловство и противвоздушната одбрана на АРМ.
Во 2005 година воздухопловната бригада се трансформира во помала единица наречена воздухопловен ВИНГ, која фигурира до 2012 година кога повторно се формира воздухопловна бригада во состав на Здружената оперативна команда.
Ново на Сител
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении