-->
-->
Воената хунта во Гвинеја ги замрзна сите владини банкарски сметки
-->
– Воената хунта од Гвинеја, која ја освои власта во таа африканска земја минатиот викенд, денеска соопшти на државната телевизија дека ги замрзнала сите владини банкарски сметки во обид да ги зачува државните средства.
– Тоа вклучува замрзнување на средствата на јавната администрација и сите министерства, како и претседателството, претседателските проекти. Се однесува и на членови на владата во заминување, како и високи функционери и административци во државни финансиски институции, изјави портпарол на воената хунта.
Воената хунта составена од специјални сили соопшти во неделата дека го соборила од власт претседателот Алфа Конде поради загриженост за сиромаштијата и корупцијата поради лошата организација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Масовните протести во Иран продолжуваат
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

75 годишна жена почина - Возачот побегнал откако ја прегазил во центарот во Скопје
-

Филипче не се откажува од техничка Влада, Мицкоски пак, не се откажува од лидерска средба
-

Обвинителката Ленче Ристоска бара извинување од премиерот Мицкоски, од Влада велат дека се зачудени
-

Во недела ќе се бира градоначалник во четири општини
-

На располагање сите човечки и материјални ресурси
