Македонија
2. July 2017 - 10:46

Водостоите под просекот за јуни

Под просекот за јуни се водостоите на реките, како и на Преспанското Езеро и Охридското Езеро,  информира денеска Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според мерењата на УХМР, подпросечни се нивоата на реките Вардар кај Скопје, Велес, Јегуновце и Демир Капија, значително е пониско нивото на Треска кај Македонски брод, Пчиња кај Катлановска бања, Крива река кај Крива Паланка, Брегалница кај Берово, Црна Река кај Новаци...

Температурата на водата во Охридското Езеро измерена во &.30 часот на мерната станица кај Охрид изнесува 25 степени Целзиусови, на Преспанското Езеро кај Наколец 24,1 степен, а на Дојранското Езеро кај Нов Дојран 28,6 степени, информира УХМР.