Џет-Сет
16. October 2016 - 12:12

Водителката на Брза кујна “нападната“ во маркет

Младата водителка Александра Пановска Илиевска покрај тоа што е домаќинка во популарното кулинарско шоу „Брза кујна“, таа има обврска и да набави дел од намирниците за шефовите Марк и Никола.
 
Александра за доста краток период стана еден од омилените телевизиски ликови, токму поради нејзината непосредност, харизма и шарм пред камера.
 
Иако за учество најмногу се пријавуваат постарите, Александра преку социјалните мрежи покажа дека „Брза кујна“ ја сакаат и најмладите.
 
Па така, додека пазарела во еден скопски маркет, убавата водителка била „нападната“ од група дечиња кои сакале  селфи со неа. Фотографијата се најде на нејзината фан страница на Фејсбук, а за истата Александра напиша дека е потврда колку шоуто е интересно и за децата.