-->
-->
Водител или криминалец: Непријатна случка во емисија во живо!
-->
Водителот на емисијата „Crimewatch", се најде во незгодна и бизарна ситуација.
Џејсон Мохамед, водител на емисијата „Crimewatch" на ББЦ во која од гледачите, помеѓу останатото, се бараат информации за досега нерешени криминални случки. Сепак, оваа епизода била намената за случки кои до сега биле решени.
Имено, во еден момент режијата, позади грбот на Џејсон и неговата колешка Софи Роворт, објавила фотографија од разбојникот Виктор Лакатос, кој толку многу личи на Џејсон што некои пред малите екрани помислиле дека станува збор за брат близнак на водителот.
Снимката од овој дел од емисијата стана вистински хит на социјалните мрежи, а Мохамед подоцна преку својот профил на Твитер објави дека бил спремен на реакциите на гледачите затоа што предходно ја видел фотографијата.
А споменатиот разбојник пред неполн месец бил уапсен и изречена му е казна затвор од 18 години, зашто во ноември 2014 година со боксирач до смрт го претепал златарот Колин Батлер (89).
Занимливо е тоа дека полицијата го уапсила Виктор благодарејќи на дојава на гледач кој ја прател "Crimewatch".
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почина Дикембе Мутомбо
-
Драма во Скопје: Маж со нож ги одзел децата од мајката во прифатен центар
-
Жена нападната од поранешниот партнер - Ја натепал и нејзината малолетна сестра
-
82-годишен дедо полово вознемирувал тројца малолетници
-
Еден од обвинетите за убиствата на Вања и Панче во тешка здравствена состојба е пренесен во болница
-
Изминатата недела 45 случаи на Ковид-19, починати две лица
-
Индустриското производство намалено за 3,6 отсто
-
Просечната каматна стапка на вкупните кредити 5,44%, а на депозитите 1,96%