Водици 2024: Ќе се положува богојавленскиот крст во Кисела Вода
Општина Кисела Вода ја продолжува возобновената традиција за положување на Светиот Крст во осветените води, како дел од прославата на Водици. Настанот ќе се одржи во базенот ,,Расадник”, во петок на 19-ти јануари 2024год. И оваа година, манифестацијата започнува од храмот Св. Ѓорѓија во 10:30 часот, од каде градоначалникот Ѓорѓиевски со Богојавленска литија заедно со верниците и свештенството ќе се упатат кон базенот во Расадник. Осветувањето на водата и положувањето на Светиот Крст ќе се случи во 11:00 часот, а за најсреќниот учесник се обезбедени награди од градоначалникот и од повеќе спонзори.
- Со огромно задоволство сакам да ве информирам дека ја продолжуваме возобновената традиција за положување на Светиот Крст во осветените води, како дел од прославата на Водици. Настанот ќе се одржи во базенот ,,Расадник”, во петок на 19-ти јануари. И оваа година, манифестацијата ја започнуваме од храмот Св. Ѓорѓија во 10:30, од каде со Богојавленска литија заедно со верниците и свештенството ќе се упатиме кон базенот во Расадник. Осветувањето на водата и положувањето на Светиот Крст ќе се случи во 11:00 часот.
За најсреќниот учесник што ќе го извади Богојавленскиот Крст од водите e предвидена парична награда од мене како градоначалник, како и награди обезбедени од спонзори.
Ве поканувам сите да земеме масовно учество на овој преубав настан, на Богојавленската литија и да бидеме дел од продолжувањето на нашата возобновена традиција, сплотени и духот на христијанските вредности да си го прославиме овој убав и голем празник. Традицијата која ја започнавме пред две години продолжува и ќе остане аманет за идните генерации-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Заинтересираните треба да се пријават најдоцна до четврток, 18.01.2024, 18 часот, на телефонскиот број: +389 78207687 (Далибор). Истите ќе треба да потпишат изјава дека се во добра здравствена состојба.
Општина Кисела Вода
Ново на Сител
-
Орбан: Пристапувањето на Украина во ЕУ може да ја уништи унгарската економија и да донесе војна
-
Приведен 29-годишник од Грција на Табановце, во неговото возило биле пронајдени пиротехнички средства
-
НБА: Оклахома поведе со 3-0, втори победи на ЛА Клиперс и Њујорк
-
Стармер: Примирјето во Украина мора да биде прифатливо за сите, Крим не смее да биде дел од отстапките
-
Руте: Алијансата е согласна дека Русија е долгорочна закана за територијата на НАТО
-
УКРО: Биолошката терапија пристигна, пациентите ќе бидат информирани кога да ја примат
-
Ковчегот на папата Франциск ќе биде запечатен вечер на литургиски обред
-
Џејсон Кид стана косопственик на Евертон