Свет
3. October 2021 - 10:05

Водечките партии во Германија започнуваат преговори за коалиција

– Водечките германски политички партии, левоцентристичката Социјалдемократска партија (СПД) и конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ) денеска започнуваат одвоени разговори со две други формации, истражувајќи ја можноста за формирање трипартиска коалиција, јави ДПА.

На парламентарните избори одржани пред една недела, социјалдемократите преовладаа над конзервативците, кои ги забележаа најлошите изборни резултати во нивната историја. Сепак, и покрај победата на СДП, која било од двете големи партии би можела да ја предводи следната влада доколку ја добие поддршката од Зелените и пробизнис ориентираната Слободна демократска партија (СДП), неопходен услов за добивање парламентарно мнозинство.

Претставниците на СПД денеска ќе одржат одделни билатерални разговори со Зелените и Слободните демократи. Подоцна во текот на денот, ЦДУ треба да се сретнат со СДП, со која тие заедно владееја во минатото. Двете помали партии, чии платформи се многу различни, во петокот разговараа изразија подготвеност да постигнат некаква форма на консензус за формирање поширока коалиција.