Македонија
16. November 2015 - 17:08

Водата од струшкиот водовод повторно неисправна за употреба

Водата за пиење во Струга повторно неупотреблива  .Поради техничка неисправност на апаратот за хлорирање граѓаните не смеат да ја употребуваат водата.

Од Центарот за јавно здравје велат дека известена е инспекцијата од дирекцијата за храна.

Додека во струшките села Франгово и  Октиси последните мостри покажале дека во водата е пронајдена бактерија од фекално потекло Ешерихија коли и ентерококи .

Поради недостатокот на хлор се појавуваат патогени организми кои кај човекот предизвикуваат низа заболувања со несакани последици.

Проблемот со хлорирањето на водата во Струга станува акутен и тоа е основна причина зошто градот има постојано неисправна вода за пиење.