Водата од локалните водоводи во селата во Виничко исправна за пиење

Контролата на исправноста на водата за пиење во три села во Виничко кои имаат локални водоводи покажала добри резултати. Кај испитуваните примероци што ги зеле екипи од Центарот за јавно здравје од Кочани не е регистрирано присуство на физички и хемиски загадувачи над максимално дозволеното ниво.
По барање на Општина Виница, во селата Истибања, Липец и Лески била направена физичко-хемиска анализа, при што е утврдено дека нема отстапување од законските и стручни прописи. Единствена забелешка е оти водата недоволно и несоодветно се хлорира.
Бактериолошката анализа покажала двојно поголемо присуство на колиформни бактерии над максимално дозволениот број кај водоводот во село Липец. Во другите две села водата е биолошки исправна.
Од Центарот за јавно здравје е доставено писмено известување до локалната самоуправа на Виница дека е потребно локалните водоводи во трите села редовно да се дезинфицираат со резидуален хлор од 0,2 до 0,6 милиграми на литар за да може водата безбедно да се користи за пиење.
Ново на Сител
-

Петар Чакарески го извади светиот крст од водите на Црн Дрим во Струга
-

Николоски: Сите треба да учествуваат во проектот „Безбеден град“, се надевам да се изгласаат законите
-

Дарко Митровиќ го фати светиот крст во осветените води на реката Вардар во Скопје
-

Средношколецот Кристијан го фати светиот крст во реката Луда Мара и посака здравје за сите
-

ЕХФ ЕУРО2026: Ојлески ново име во составот на македонската репрезентација
-

Борис Стефановски го фати крстот во црквата „Свети Никола“ во Куманово
-

МВР: Известување до јавноста - Проект „Безбеден град“
-

Јовица Илиески-Кара го фати осветениот крст за Богојавление-Водици во Тетово
