-->
-->
Воасин: Програмата „Реално“ е заснована на еден биланс на кој многу земји може да ви позавидат
-->
Мишел Воасин пратеник во национално собрание во Франција над 28 години и шеф на француската делегација на парламентарно собрание на ОБСЕ на вечерашниот митинг во Гази Баба истакна дека Македонија е држава во која се слуша и почитува гласот на народот.
-Ја прочитав програмата која ја предлага ВМРО-ДПМНЕ. Структурирана програма, во која е вложен голем напор и не е програма која продава магла во очи. Секако дека се заснова на вредностите, ова програма е заснована врз база на еден биланс на кој може да ви позавидат многу земји во светот. Вие сте прва земја во светот која има најниска стапка на даноци и би сакал тоа да остане што е можно подолго. Вие сте една од 10-те земји во светот каде јавниот долг е помал од 50 проценти од БДП. Една земја како Франција може да ви завидува на тоа, бидејќи кај нас јавниот долг достигнува скоро 100 проценти од БДП. Имате програма која се базира на личната иницијатива и намалувањето на невработеноста. Може да ви позавидиме и за тоа што невработеноста за десет години е падната за 14 проценти. Ви честитам, посочи Воасин.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и Македонија ја имаат целосната поддршка од републиканската партија на Франција за што побрз влез на земјата во ЕУ и НАТО. Воасин исто така се заблагодари и за одличните мерки и чекори кои Македонија ги спроведе за време на мигранстката криза.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Болните, затворениците и лицата во старските домови први гласаат на двојните избори
-
Акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи за изборите на 8 мај
-
Израел испраќа делегација на преговорите и ги продолжува операциите во Рафа за да изврши воен притисок врз Палестинците
-
Одбележување на Денот на полицијата, посебен сообраќаен режим во општина Аеродром
-
Стано: Амбасадорите на ЕУ, САД, Германија, Велика Британија, Балтичките земји, нема да присуствуваат на инаугурацијата на Путин
-
Сообраќајот непречено, по претежно суви коловози
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори