Во знак на сеќавање на починатиот актер - „Си одам дома куме, доста е!“
Познатиот српски актер Милорад Мандиќ Манда беше погребан во саботата во Алејата на славните на новите гробишта во Белград до неговите добри пријатели Бата Живоиновиќ и Драган Николиќ кои исто така починаа неодамна.
Манда ненадејно почина на 15 јуни на сцена додека го играше ликот на Капетан Кука, а беше погребан со звуците на неговата омилена песна „Несоница” од ултра популарниот филм во кој глумеше, Ивкова слава. На погребот присуствуваа огромен број неговите пријатели и роднини, како и целата српска актерска елита.
Од Манда се простија Драган Бјелогрлиќ, Никола Којо, Андрија Милошевиќ, Срѓан Тодоровиќ и многу други.
Во Бања Лука само еден ден по неговата смрт беше забележан и графит во знак на сеќавањето на починатиот актер. “Идем куме куќи! Доста је…” или во превод „Си одам дома куме, доста е” – стои на графитот, што е добро позната реплика од филмот „Лепа села лепо горе”.
Ново на Сител
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит
-
Вложување во дигитализација
-
Матични лекари ќе можат да работат без медицинска сестра во населени места до 2000 жители
-
Ристоска: За корупцијата се зборува многу но резултатите се слаби
-
Академската фела: Не се применува новиот закон за македонски јазик