Во земјотресот во Мексико загинаа најмалку 90 луѓе

Бројот на жртвите во силниот земјотрес што во четвртокот го погоди Мексико се искачи на најмалку 90 луѓе, откако властите на јужната мексиканска држава Оахака соопштија дека само таму настрадале 71 лице.
Најмалку 15 луѓе загинаа во соседната држава Чијапас, а четири во државата Табаско, северно Мексико.
Спасувачките екипи во јужниот дел на Мексико се уште трагаат по преживеаните, а голем број од жителите во загрозените подрачја се плашат да се вратат во своите домови поради последователните земјотреси.
Земјотресот со интензитет од 8,1 степени според Рихтеровата скала, што во четвртокот го погоди Мексико, е еден од најсилните во последните 100 години. Посилене е дури и од земјотрес што го разори Мексико Сити во 1985 година.
Мексико се наоѓа на пет тектонски плочи, поради што земјотресите се честа појава.
Ново на Сител
-

Шест лица приведени во врска со пукањето на семејна веселба во гостиварско
-

Сервисираниот „ер трактор“ повторно ставен во функција
-

Руските сили извршија напади врз украинските пристаништа во Одеса и Николаев
-

Зголемена фреквенција на граничните премини, на некои се чека и повеќе од еден час
-

Родилка остана во инвалидска количка по направен царски рез
-

Николоски: Распределни 47 социјални станови во Дебар, грижата за ранливите категории семејства е приоритет на Владата
-

Претрес во автокамп на охридското крајбрежје, пронајдена дрога, приведен 39 годишен скопјанец | ФОТО
-

Кривична против струмичанец поради обид за убиство на поранешната сопруга
