-->
-->
Во Вухан веќе нема хоспитализирани од Ковид-19
-->
Во Вухан, градот во кој почна пандемијата со новиот коронавирус, нема повеќе хоспитализирани по отпуштање на последните 12 пациенти, соопшти здравствената комисија во покраината Хубеи.
Сите преостанати пациенти на Хубеи беа сместени во Вухан, главниот град на провинцијата каде од епидемијата починаа најмногу во Кина – 3.869, што е повеќе од 80 проценти од смртните случаи во државата.
„Тоа е историски ден“, објавија државните медиуми.
Хубеи веќе нема сомнителни случаи во своите болници, иако 1.728 лица кои биле во близок контакт со заразени лица остануваат под медицински надзор, објави денеска провинциската здравствена комисија.
Во другите градови во Кина се уште има хоспитализирани, вклучувајќи 67 во Шангај и три во Пекинг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости