Во Вухан слета првиот меѓународен авион од јануари
Во кинескиот град Вухан, местото каде првпат се појави коронавирусот во декември 2019 година, слета првиот авион на меѓународен лет од јануари, кога аеродромот беше затворен.
Станува збор за јужнокорејската нискобуџетна авиокомпанија Т-Веј, чиј авион слета со 60 патници кои мора да покажат негативенПЦР – тест, објави кинеската државна телевизија.
Според кинеските медиуми, патниците носеле маски, а полицијата со заштитни комбинезони и визири ги проверувале пасошите.
Кон крајот на март, Кина драстично го намали воздушниот сообраќај со остатокот од светот со цел да се ограничи доаѓањето на заразени лица.
Оттогаш, земјата во голема мерка го потисна вирусот со мерките за ограничување на движењето, карантин, тестирање, следење контакти и носење заштитни маски. Тие бележат само неколку нови случаи секој ден.
Ново на Сител
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО
-
Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони
-
Десетици торнада го погодија централниот дел на САД
-
Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден