Свет
5. September 2016 - 19:20

Во воздушните напади во северен Ирак убиени 30 курдски борци, потврди турската армија

Турската армија денеска информира дека во вчерашните воздушни напади во северен Ирак убила 30 курдски борци, вклучувајќи и високо позиционирани офицери, повикувајќи се на разузнавачки информации од дронови и други технички средства, пренесоа британските медиуми.

Откако минатото лето пропадна примирјето меѓу Турција и оваа милитарна организација, турските воени авиони изведоа повеќе воздушни напади во северен Ирак врз базите на борците на Курдската работничка партија (ПКК), сместени, пред се, во планината Кандил.