Во воздушен напад во околината на Дамаск загинаа најмалку 11 лица
Најмалку 11 лица загинаа во воздушен напад извршен од страна на Израел во јужниот дел на Дамаск.
Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија соопшти дека загинале седум припадници на проиранската милиција од несириска националност, како и тројца провладини војници, вклучително и еден офицер од воздухопловните сили.
Нападот предизвика и голема материјална штета.
Цел на нападот биле провладините трупи и проиранските милиции во Кисва, околината на меѓународниот аеродром Дамаск и Бригадата за противвоздушна одбрана во Ал-Хејана, јужно од главниот град Дамаск, како и делови од Дараа во југо-западна Сирија.
Претходните израелски напади против Сирија, наводно, имале за цел да го спречат Иран, еден од главните сојузници на сирискиот претседател Башар ал-Асад, во градење на своето воено влијание во регионот.
Ново на Сител
-
Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионерите не се виновни за поскапувањата
-
Разрешената директорка од Демир Хисар денеска на информативен разговор во полиција
-
Колабирања и сончаници поради топлото време
-
Руралната инфраструктура на истокот во катастрофална состојба
-
Преглед на вестите од светот
-
Експерти: ДИК не смее да усвојува правилник за изборите
-
Тема на денот со Борис Кондарко - Претседател на ДИК
-
Опозицијата бара кривична одговорност за началникот, Мицкоски вели ако се огрешил ќе одговара