Балкан
2. February 2017 - 10:56

Во воздушен напад на турските сили убиени 51 екстремист на сириско-турската граница

Во воздушен напад на турските воени авиони врз четири области во близина на сириско-турската граница убиен е 51 екстремист на Исламска држава, пренесоа британските медиуми.

Операцијата траела 24 часа, а во неа се уништени и неколку згради и возила.

Како што се наведува, операцијата е продолжение на операцијата „Еуфратски штит“, чија цел беше да ги одалечи екстремистите од сириската граница.