-->
-->
Во вооружен напад во бар во Мексико 10 убиени и седум повредени лица
-->
Десет лица загинаа. А седум се повредени во вооружен напад во бар во Мексико, пренесоа светските агенции.
Четворица вооружени мажи вчеравечер по локално време упаднале во бар во Керетаро, во централно Мексико, и отвориле оган врз тамошните гости.
Напаѓачите пристигнале со камион, наведуваат претставници на локалните безбедносни служби.
Еден осомничен за нападот е приведен
Градот Керетаро досега беше поштеден од војната меѓу мексиканските нарко картели.
Керетаро е главен град на истоимената држава.
-->
-->
-->