Во Владата прес-конференција на министерот за здравство и Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции

Во Владата денеска е закажана прес-конференција на која ќе се обратат министерот за здравство Азир Алиу и членовите на Интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции.
Комисијата беше формирана откако кардиохирурхот Сашко Кадев во интервју за Канал 77 рече дека во некои приватни болници се вршат непотребни интервенции со цел профит, вклучувајќи и непотребни стентирања и операции.
На 4 ноември министерот за здравство информираше дека од пристигнатите околу 25 претставки, останати за разгледување се уште седум.
- Уште седум наоди треба да се анализираат. Знаете дека тие процеси бараат време. Прво, тие експерти се и така во мал број за нашата земја. Освен оваа работа тие дневно имаат активности во амбуланта и операционите сали, затоа оваа динамика на работа не зависи од нас како Министерство, туку зависи од целиот експертски тим кои не се малку на број и се оптоварени со нивните секојдневни обврски со давање здравствени услуги на граѓаните, изјави Алиу на 4 ноември.
МИА
Ново на Сител
-

Трајковски кажа „збогум“ на репрезентацијата
-

Мицкоски: Реконструкцијата на охридскиот аеродром е исторски момент за Охрид
-

Ловочувар пронајден мртов со прострелна рана во близина на Виница
-

УЈП со засилени контроли, илјадници даночни обврзници вршат дејност без фискален уред
-

Од понеделник променливо облачно и посвежо, пообилни врнежи во среда и четврток
-

Кавадарчанец физички го нападнал својот 74-годишен татко
-

Приведен кавадарчанец, физички ја нападнал својата поранешна сопруга
-

Мицкоски и Николоски ќе го означат почетокот на реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид
