Во Владата денеска разговори за јавнообвинителската и судската служба

Во Владата денеска треба да се одржат разговори меѓу владини претставници и репрезентативниот Синдикат на УПОЗ. На средбата ќе се разговара за проблемите во јавнообвинителската и во судската служба.
Во изминатиот период, вработените протестираа барајќи зголемување на платата за 78 проценти и враќање на додатоците на плата.
Минатиот четврток, судската администрација најави дека нема да ги работи ниту итните предмети доколку Владата не седне на преговарачка маса со Синдикатот.
- Владата треба да биде свесна дека доколку работната група и после овој протест не седне на маса да преговара, ќе се парализира целото правосудство. Секое понатамошно прологирање и избегнување на решение ќе предизвика дополнителен гнев кај штрајкувачите, а за последиците од тој гнев нема да биде одговорен Синдикатот на УПОЗ, изјави претседателот на УПОЗ Трпе Дејаноски минатиот четврток.
Претходно, пред околу еден месец, Владата формираше работна група за решавање на барањата на судската администрација.
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека, обвинетите негираат поврзаност со трагедијата
-

Сиљановска нема информации дека ќе се прифаќаат мигранти, вели дека лично е против
-

СДСМ прво ќе поднесе резолуција, па ќе организира протести против носење мигранти
-

10 милиони денари за проектот- „Штип безбеден град“
-

Охриѓани се хумани
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата ја продолжи постапката за разрешување на Коцевски - каков профил на човек му е потребен на ЈО?
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка од СДСМ
