Во Визбегово ќе се гради населба за бездомни лица, не камп за мигранти
Во прифатниот центар во Визбегово ќе се гради населба за бездомните лица кои до неодамна живеejа под Кале, а не камп за мигранти, објави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовскa на својот „Фејсбук“ профил.
ВМРО-ДПМНЕ, наведува Царовска, шири лажни вести дека во прифатниот центар во Визбегово ќе се градат бегалски кампови.
- Ги повикувам граѓаните да не наседнуваат на лажните документи кои се споделуваат по социјалните мрежи. Вистината е следната: Во прифатниот центар во Визбегово ќе се гради населба за бездомните лица кои до неодамна живееа под Кале, а не камп за мигранти. Оваа одлука е усвоена уште пред една година со која Владата трајно ќе им обезбеди дом на повеќе 80 лица кои живееја на улица. Очигледно паниката кај ВМРО-ДПМНЕ е преголема па се спремни ваквите хумани решенија да ги злоупотребуваат. Повторно јасно порачуваме – бегалски кампови нема да се градат и бегалци нема да се населуваат во нашата земја, стои во објавата.
Општина Карпош, претходно денеска, исто така, ги демантираше информациите кои се пласираа на социјалните мрежи дека таков прифатен центар ќе се гради во Бардовци.
- Општина Карпош, до овој момент, нема примено никаков допис во вид на Барање информации и податоци за доставување државна урбанистичко - планска документација за прифатен центар за странци во Бардовци, од страна на Агенцијата за планирање на просторот. Општина Карпош исклучиво опстојува на определбата за плански развој на локалната самоуправа, а прифатниот центар за странци не е дел од планот за развој на Бардовци или на кој било друг дел од Карпош, се вели во соопштението до општина Карпош.
Ново на Сител
-
19-годишен возач прегази малолетен пешак во тетовско
-
Таткото и мајката на детето кое изврши убиства во ОУ „Владислав Рибникар“ осудени на 14,5 и на три години затвор
-
Пад на индустриското производство
-
Таравари го оцени јавниот здравствен систем со осумка, вели се дава максимум и се добиваат квалитетни услуги
-
Од успехот на Новогодишната кошница ќе зависат Велигденската и Рамазанската кошница
-
Просечната камата на кредитите на годишно ниво во ноември е 5,36%, а на депозитите 2,12%
-
ДПИ ќе провери дали е постапено по заклучоците за случајот со приредбата во училиштето во Челопек, најави Јаневска
-
Осум лица осомничени за злоупотреби при јавна набавка во Дирекцијата за ТИРЗ