Во Виница промовирана нова книга од едицијата „Македонска афористична ризница“
„Сатирично ќоше“ е новата сатирична Библиотека, која ќе работи во состав на Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница, чиј фонд од синоќа е збогатен со уште едно ново трето по ред печатено издание во рамки на едицијата „Македонска афористична ризница“.
Креатори на книгата чиј издавач е Домот на културата “Тошо Арсов“ се врвните афористичари од Македонија: Софе Штерјоски, Иван Карадак, Љупчо Силјановски, Васил Толевски, Ванчо Поплазаревски, Витомир Долински и Миле Ѓорѓијоски.
- Ова е една од неколкуте книги кои планираме да ги издадеме со афоризми од наши познати афористичари. Денеска сме тука да го официјализираме отварањето на првата сатирична библиотека „Сатирично ќоше“, во која наши македонски и балкански афористичари и сатиричари ќе донираат книги за оваа намена, истакна промоторот Миле Ѓорѓијоски кој упати благодарност до градоначалникот Емил Дончев и Домот на културата за поддршката, како и до издавачот Славчо Данев.
Промоцијата беше збогатена со читање афоризми од присутните автори. Новата книга, која доаѓа како продолжение на претходните две беше промовирана во рамките на програмата на Фестивалот „Ин Виница Веритас“, а како составен дел на Македонската сатирична ризница ќе биде достапна на секој љубител на сатирата.
Ново на Сител
-
Русија не исклучува контакти со САД во наредните денови
-
ЕУ ја поддржува иницијативата за мир во Украина, Лондон повикува на акција
-
Премиерот на Онтарио ја суспендираше одлуката за поскапа струја – следуваат нови трговски преговори со САД
-
Трамп ќе разговара со Путин, но предупредува: За танго се потребни двајца
-
Почна судењето на обвинетите за смртта на Марадона
-
Вашингтон ја обновува воената помош за Киев – Украина прифати 30-дневен прекин на огнот
-
Трамп ќе го покани Зеленски во Белата куќа
-
Сообраќајка меѓу две товарни возила кај кавадаречко Раец, едно лице повредено