Во Виница ќе се гради Музеј на културата
Општина Виница ги привршува подготовките за реализација на проектот за изградба на Музеј на културата, кој ќе биде дел од културната и туристичката понуда на општината, заедно со музејот „Теракота“ и Виничкото кале.
- Подготовките се завршени, останува реализација на проектот кој ќе значи многу за културната историја на виничкиот крај. Во Музејот ќе бидат поместени сите облици на културно живеење во Виница од крајот на 19 век па се до денешни дни. Низ документи и фотографии, како и презентација на автентични предмети, музички инструменти и традиционални носии ќе биде прикажан културниот растеж на Виница низ минатите години, изјави градоначалникот Емил Дончев.
Во Музејот на кулртурата значајно место ќе имаат фолклорните ансамбли и групи од виничкиот крај, тамбурашкиот оркестар, градскиот машки хор, староградските пејачки групи „Јана“ и „Распеани виничани“, фолклорниот фестивал „Истибањско здравоживо“, меѓународниот фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“, како и други облици на културно живеење и делување во виничкиот крај.
Изградбата и опремувањето на Музејот на културата во Виница ќе биде реализарн со финансиски средства од буџетот на општината за оваа и наредната година.
Ново на Сител
-
Штипска Клиничка годината ја завршува со долг од 160 милиони денари
-
Спектакуларна прослава во Сиднеј
-
Трамп освои втор претседателски мандат
-
Имало ли недостаток на нафта во ЈСП?
-
Меѓународна потерница за Ковачевски, во земјава го чека 8 дневен притвор
-
Подготовки за најлудата ноќ
-
Лекарите предупредуваат: Внимателно со алкохолот
-
Сиљановска: Имаме право да веруваме во македонскиот сон