Македонија
13. January 2020 - 19:44

Во Вевчани почна театарот на отворено под слоганот ,,Направи се Василичар‘‘

Под слоганот Напрај се Василичар. Покрај традиционалните маски зетот и невестата ,глупавиот август и музичарите и оваа година инспирирани од секојдневните настани и секако политичките случувања продефилираа Боки 13 ,СЈО ..

Со овој карневал се слави доаѓањето на Новата година според стариот календар и претставува спој меѓу паганскиот и современиот начин на прослава. Тој според своите специфични особини се одвојува од другите во светот поради неговата архаичност, традиционалност, таинственост и уникатни маски.

Овој настан привлекува посетители од земјава но и од странство чиј број од година во година е се поголем.

Жителите знаат како се пречекува гостин – со вино, греана ракија, мезе, сето зачинето со шега и насмевка.

За првпат оваа година на карневалот има и кулинарско шоу насловено „Вкуси го Вевчани“ на кое беа подготвени традиционалните специјалитети карактеристични за овој крај.

Карактеристика на карневалот е е тоа што секоја година има различни маски, односно постои непишано правило дека не треба да се повторуваат маските од претходните години, освен традиционалните, па затоа на крајот на карневалот тие се палат.

Овој настан е организиран и живее од народот и за народот на општината Вевчани.

По дефилето на 14 јануари, според паганските обичаи, точно напладне маските се палат, со цел да се уништи злото и почнуваат подготовките за следната година.

„Вевчанскиот карневал“ е со најдолга традиција во Македонија и пошироко, а од 1993 година е член на Здружението на европските карневалски градови.

односно постои непишано правило дека не треба да се повторуваат маските од претходните години, освен традиционалните маски, па затоа на крајот на карневалот тие се палат. Тоа е настан што е организиран и живее од народот и за народот на општината Вевчани.

За првпат оваа година на „Вевчанскиот карневал“има и кулинарско шоу насловено „Вкуси го Вевчани“ на кое беа подготвени традиционалните вевчански специјалитети.

Кеojш в недела? На Вевчански!

Жителите на ова село знаат како се пречекува гостин – со вино, греана ракија, мезе, сето зачинето со шега и насмевка.

Манифестацијата почнува денеска, со изложбата на Билјана Јуруковски која низ авторски израз ќе го презентира своето видување на Карневалот. Веднаш потоа следува гурманското шоу „Вкуси го Вевчани“, или „Cooking with Branko“. Градоначалникот на Општината Сашо Јанкоски заедно со директорот на Агенцијата за туризам Љупчо Јаневски ќе се сретнат со угостителите од општина Вевчани, сопствениците и менаџерите на ресторани, кафеани, кафе-барови во селото. Традиционално, вечерта е резервирана за добра забава, со богата програма за која овојпат се задолжени DJ Todorоff, „Brass Brothers“, „Еye Cue“ и Влатко Лозаноски.

Карактеристика на карневалот е дека секоја година има различни маски, односно постои непишано правило дека не треба да се повторуваат маските од претходните години, освен традиционалните маски, па затоа на крајот на карневалот тие се палат. Тоа е настан што е организиран и живее од народот и за народот на општината Вевчани.

За првпат оваа година на „Вевчанскиот карневал“има и кулинарско шоу насловено „Вкуси го Вевчани“ на кое беа подготвени традиционалните вевчански специјалитети.

. Тој е познат по својот гастрономски блог на социјалните мрежи: „Готвење со Бранко“ (Cooking with Branko), а за време на карневалот најави дека ќе ги подготви сите традционални вевчански специјалитети што се подготвуваат во оваа пригода, но на специјален начин.

Традиционалниот Вевчански карневал и годинава ќе понуди богата културно-забавна програма и забавни содржини за повеќе од 10.000 посетители. Организаторите најавуваат над 1.000 оригинални маски, што се чуваат во тајност се до денот на одржувањето на карневалот, и многу други содржини со кои Вевчани стана примамлива туристичка дестинација за посетители од земјава, и од странство, чиј број од година во година е се поголем.

Градоначаникот на општина Вевчани, Сашо Јанкоски, на денешната прес-конференција во Скопје, најави дека се е подготвено за најголемиот уличен театар во нашата земја, што постои цели 14 века.

– За оваа 2020 година, јас и сите вевчанци ветуваме многу смеа, игра, тетатар и маски кои што ќе го привлечат вниманието на јавноста, задржувајќи ја својата уникатност и архаичност. Повикувајќи се на годинашниот оригинален слоган: „Ке ојш? На вевчански. Напрај се и ти василичар“ ги повикувам сите љубители на добрата забава да дојддат во Вевчани и да станат василичари – порача Јанкоски.

Градоначаникот на Вевчани се надева дека како и досега учесниците на карневалот биле креативни во подготовката на нивните маски и акцентот, освен на политичките случувања, ќе го стават и на други моменти од јавниот живот во земјава. Тој потенцираше дека за време на неговиот мандат немало навредливи маски и се надева дека така ќе биде и годинава.

Инаку, за првпат оваа година на „Вевчанскиот карневал“ ќе има и кулинарско шоу со Бранко Попоски насловено „Вкуси го Вевчани“. Тој е познат по својот гастрономски блог на социјалните мрежи: „Готвење со Бранко“ (Cooking with Branko), а за време на карневалот најави дека ќе ги подготви сите традционални вевчански специјалитети што се подготвуваат во оваа пригода, но на специјален начин.

Годинашната програма запонува на 12 јануари во 16 часот кога ќе биде отворена изложбата „Вевчанскиот карнвал низ призмата на Билјана Јуруковски“. Вечерта во 19 часот на отвoрената сцена на игралиштето ќе настапат: ди џеј Тодороф, дуото „Ај кју“, „Браш брадерс“ и популарниотпејач Влатко Лозаноски. На 13 јануари, по претставувањето на маските на големото василичарко дефиле, во вториот дел на програмата што почнува во 21 часот ќе настапат фолк ѕвездите: Дамјан Стојановски и Татијана Стефановска со своите бендови, а на полноќ со традиционален огномет и со настапот на дувачкиот оркестар „Весела дружина“ ќе биде пречекана Стара нова година.

По дефилето на 14 јануари, според паганските обичаи, точно напладне маските се палат, со цел да се уништи злото и почнуваат подготовките за следната година.

Градоначаникот на Вевчани Сашо Јанкоски на присутните на прес-конференцијата им подари вевчански пасоши и вевчански личници и ги покани да го проследат карневалот. М.Т.