Во Венеција се отвора музеј посветен на Казанова
Музејот, посветен на авантуристот и љубовникот од 18-от век Џакомо Казанова, ќе биде отворен утре во неговиот роден град Венеција, а посетителите ќе може да се запознаат со сите аспекти на неговиот живот.
Музејот се отвора точно на родениот ден на Казанова втори април и нема да ја крие неговата љубовна страна. Поради тоа една од шестте простории на музејот ќе биде спална соба во која ќе биде прикажано како тој ги заведува своите љубовници.
Целта на кустосите е да ја осветлат комплетната личност на Казанова, чиј мемоари „Историја на мојот живот“ овозможуваат да се погледне во животот на европското благородништво од крајот на 18-от век.
Директорот на музејот, Андреа Козентино, наведе дека намерата им била Казнова да биде претставен во целост, не само како љубовник, туку и како човек и филозоф.
Со користење на различни технологии за виртуелна реалност посетителите ќе можат да прочитаат, да чујат и да видат презентации за неговата младост и заведувањата, како и за неговите патувања по Европа, но и апсења и бегства.
Ново на Сител
-
„Пики блајндерс“ ќе добие и филм и нови епизоди
-
На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека до еден час
-
Англија ќе им забрани на трансродовите лица да учествуваат во женскиот фудбал
-
Опожарена барака на улица „Самоилова“ во Скопје
-
Нов повик за субвенциониран студентски оброк, проширен е опсегот на мерката
-
Мицкоски: Трудот е темелот на секоја напредна држава
-
ЦУК: Пробиштипјанец кој беше пријавен за исчезнат пронајден починат
-
Претрес во делчевско, пронајдена дрога