Во Велика Британија родено првото бебе со ДНК од три лица
Првото бебе во Велика Британија создадено со помош на ДНК на три лица е родено откако лекарите спроведоа револуционерна процедура за IVF, чија цел е да го спречи наследувањето на неизлечиви болести, пренесува „Гардијан“.
Техниката позната како митохондријална донација (MDT) користи ткиво од јајце клетки на здрави женски донатори за да се создадат ембриони со IVF кои немаат штетни мутации кои ги носат нивните мајки, а кои најверојатно би ги наследиле нивните деца.
Бидејќи ембрионите ги комбинираат спермата и јајце клетката на биолошките родители со ситни структури наречени митохондрии од јајцата на донорот, добиеното бебе има ДНК на мајката и таткото, како и обично, плус мала количина од генетскиот материјал на донорот, околу 37 гени.
Процесот довел до терминот „бебе од три родители“ иако повеќе од 99,8 проценти од ДНК кај бебињата потекнува од мајката и таткото. Истражувањето за MDT, кое е познато и како митохондријална надомесна терапија (MRT), го започнаа лекарите во Центарот за плодност во Њукасл.
Целта на работата беше да им се помогне на жените со мутирани митохондрии да имаат бебиња без ризик од пренесување на генетски нарушувања. Луѓето ги наследуваат сите свои митохондрии од своите мајки, така што штетните мутации во „батериите“ можат да влијаат на сите деца што ги има една жена.
За засегнатите жени, природното зачнување често е ризик. Имено, некои деца можат да се родат здрави бидејќи наследуваат само мал дел од мутираните митохондрии, но други можат да наследат многу повеќе и да развијат тешки, прогресивни и често фатални болести. Околу едно од 6.000 бебиња имаат митохондријални нарушувања, објаснуваат експертите.
„Причината поради која промената се гледа во клетките на некои деца родени по MRT процедурата, но не и кај други, не е целосно разбрана“, вели Даган Велс, професор по репродуктивна генетика на Универзитетот во Оксфорд, кој учествувал во споменатото истражување.
Ново на Сител
-

УЈП: Преземаме активности со цел даночните обврзници непречено да ги исполнат законските обврски
-

Се утврдува актуелната состојба и реалните можности за Скопското кале да се отвори и стави во активна културна функција
-

Министерството за надворешни работи го одбележа Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот
-

Алкараз го победи Де Минаур и се пласираше во полуфиналето на Австралија oпен
-

АХВ: Итно се повлекува формулата за доенчиња Аптамил АР 2, потрошувачите кои ја купиле да не ја користат или да ја вратат
-

МЕД: Попишани над 35 300 единки од 44 различни видови водни птици на трите природни езера во Македонија
-

Во Зубин Поток запленети 140 килограми експлозив
-

ЦУК: Во Струмичкиот регион состојбата е стабилизирана, опаѓа водостојот на реките Струмица и Тркања, со механизација се интервенира на критичните локации
