-->
-->
Во велешкото село Отовица отворен Дом за пензионери
-->

Здружението на пензионери од Велес денеска на празникот Ѓурѓовден го пушти во функција Домот за пензионери во велешкото село Отовица во близина на Велешкото Езеро Младост.
Домот е целосна реконструкција на поранешната Општинска - административна зграда во која било сместено Матичното одделение во село Отовица. Таа била изградена во педесетите години на минатиот век, а функционирала се до 1968 година кога била напуштена.
Како што информира за МИА, Веле Алексоски претседател на Здруженето на пензионери, тие со сопствени средства во висина од 20 илјади евра извршиле целосно надворешно реконструрање на старата запуштена зграда, а набавен е и нов мебел за опремување на домот. Зградата е со 130 метри квадратни и има три простории: сала за состаноци,кујна,трпезарија.
- Освен за дружења на пензионерите и младите од село Отовица таа ќе служи и за состаноци на Месната заедница и други потреби за жителите од село Отовица и околните 12 населени села во околината на Езерото Младост односно селата Сујаклари,Маматчево,Иванковци, Кумарино и останатите.Овој Дом ќе има регионално значење за жителите од овој регион во повеќе области од локалното живеење.Воедно во соработка со општина Велес планираме во него наскоро да се извршуваат и некои административни потреби на жителите,информира Алексоски.
Според плановите на Здружението на пензионери од Велес, како што информира претседателот Веле Алексоски, се планира и изградба на Воздушна бања за пензионери во село Ораовец, а идната година и Дом за пензионери во селото Подлес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

МЗ: Новото законско решение за медицински средства носи европски стандарди и поефикасни постапки
-

Муцунски од Анталија: Регионалната поврзаност е предуслов за развој и стабилност
-

Конвој танкери е забележан како го напушта Персискиот Залив и минува низ Ормуската Теснина
-

САД го продолжуваат рокот за привремен исклучок од забраната за купување руска нафта
-

Украински дронови погодија складиште за нафта во Крим, предизвикувајќи пожар
-

ММФ: Народната банка со нови достигнувања во статистиката
-

МЗ: Во болницата во Кочани ќе се вршат мамографски прегледи за пациентките од Штип и регионот
-

Најмногу дожд во Крива Паланка, најстудено на Попова Шапка
