-->
-->
Во Велешко се врши вакцинација на говедата против „јазлеста кожа“
-->

Во велешките села неколку ветеринарни екипи од Ветеринарната станица од Велес од вчера започна превентивна вакцинација на говедата против болеста „jазлеста кожа“.
Како што информира за МИА, Димче Димитриевски директор на Ветеринарната станица од Велес, за оваа цел од Агенцијата за храна и ветеринарство ја добиле првата половина од четириилјади дози од потребните осум илјади вакцини.
- Од Агенцијата за храна и ветеринарство до нас беше дистрибуирана првата пратка и ние веднаш по пристигнувањето уште вчера започнавме со превентивната вакцинација на говедата против болеста „јазлеста кожа“, со цел превентивно да се заштитат говедата во Велешко кои ги има околу седум илјади грла. Кога ќе ја потрошиме првата доза ќе ја добиеме и втората, информира Димитриевски.
Во Велешко вакцинацијата започна да се изведува во поголемите села, кои се со поголем број на грла на говеда како што се: Градско, Подлес, Уланци,Караслари,Водоврати, Владиловци,Извор и Иванковци.
Вакцинацијата потоа ќе продолжи и со селата со помал број говеда, информира Димитриевски.
Инаку, за превентивна вакцинација на говедата против болеста „јазлеста кожа“, Агенцијата за храна и ветеринарство набави 250 илјади вакцини, кои ги дистрибуира до сите ветеринарни станици,амбуланти и матични ветеринари на територијата на цела Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
-

Македонска државјанка се удави на Халкидики
-

ФФМ: Штетатa нанесена на ФФМ од 2015 година до 2019 година e повеќе од 2,5 милиони евра
-

Јаневска: Годинава се исплатени над пет милиони денари годинава за учество на меѓународни натпревари на ученици
