Во велешко активни неколку шумски пожари
Уште еден шумски пожар над месноста викана „Неделна вода“ во Велес изби утрово во 9:30 часот, каде гори нискостеблеста дабова шума. Во гаснењето се вклучени екипи од ШС „Бабуна“ и Територијалната Противпожарна Единица од Велес.
Од ТППЕ Велес, за МИА информираат дека се уште гори нискостеблестата дабова шума и над Манастирот кај село Оморани што избувна вчера попладне, а во гаснењето се вклучени екипи од Шумското стопанство „Бабуна“ од Велес.
Пожар има и во реонот на велешките села Џидимирци и Иванковци, а зафатена е и површина од скопска страна поради што, освен велешки, вклучени се и пожарникари од ТППЕ од Скопје како и вработени од ЈП „Македонски шуми“ од Скопје.
Екипи на ШС „Бабуна“ од Велес работат на целосно газнење на пожарот кај село Каласлари во кој гореше квалитетна борова шума.
– Пожарот избувна во петокот, а беше локализиран вчера напладне со екипа на ТППЕ од Велес, но нашите екипи од ШС „Бабуна“ од Велес вчера, ноќеска и денеска се уште се на терен и работат на негово целосно ликвидирање, информира за МИА Љубинка Попова, директор на ШС „Бабуна“ од Велес.
Во овој голем шумски пожар изгореа околу 50 хектари квалитетна борова шума, а во негово гаснење беа вклучени и два авиони од Дирекцијата за заштита и спасување.
Ново на Сител
-
Кремљ објави дека се уште нема планови за разговори со Трамп
-
Водата во Скопје санитарно исправна, вонреден мониторинг по завчерашниот прекин на снабдувањето
-
ChatGPT критикуван за користење руски пропагандни извори
-
Трамп ветува дека на неговиот прв ден на функцијата ќе стави крај на трансродовиот делириум во САД
-
Во европска операција против перење пари и шверц на кеш запленети 2,7 милиони евра
-
Најчестите причини за често будење навечер
-
Дедо Мразовци со суп даски во Солунскиот залив
-
Чести навики кај жената што вообичаено го нервираат мажот