-->
-->
Во велешката касарна свечена заклетва на 26 генерација војници на доброволно служење во АРМ
-->

Во кругот на касарната „Алексо Демнивски-Бауман“ во Велес денеска свечена заклетва дадоа војниците од 26. генерација на доброволно служење во АРМ.
Сто дваесет и три војници од оваа генерација, меѓу кои и шест девојки, во Центарот за индивидуална обука - ЦИО при Командата за обука во касарната во Велес треба да ја поминат основната тримесечна воена обука.
Честитајќи им ја свечено дадената заклетва заменик командантот на Командата за обука полковник Љубенчо Петровски, ги информира младите војници дека освен во гарнизонот на АРМ во Велес времено ќе бидат сместени и во други гарнизони во земјава.


- Тоа е со цел на проширување на вашите созанија за функционирање на АРМ.Тоа ќе биде можност да стекнете нови познанства и сознанија за други поднебја на нашата татковина, потенцира полковник Петровски.
На свеченоста се обрати и заменик министерот за одбрана Илми Селами, кој истакна дека појдовната основа за нивно ангажирање во единиците на АРМ, но и за навлегување во војничката професија ќе ја стекнат во касарната во Велес, како и на полигоните вежбалишта ,каде што ќе се стекнат со неоходните знаења и вештини.

- Бидете горди што сте дел од АРМ, им порача Селами.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
