Во Велес заврши санирањето на карпата под Градскиот саат

Заврши санирањето на карпата над тротоарот и улицата „Димко Најдов“ под Градскиот саат во Велес со што е обезбедена сигурноста на пешаците и возачите на оваа главна улица во Велес. Како што појаснуваат од Општина Велес и покрај зимскиот период работите биле изведени со цел да се санираат сè поголемите одрони од карпата, а со тоа и да се обезбеди сигурноста на пешаците и возачите кои минуваат на оваа фреквентна улица што води кон Стариот мост и Долни дуќани и обратно кон центарот на градот.
Градоначалникот Аце Коцевски најави дека наскоро ќе се санираат и карпите кои водат од потегот надолу по оваа улица од кај Стар Мост до Долни дуќани, а каде исто така има често одрони од карпите посебно во зимскиот период.
Од одделението за градежништво при општина Велес, најавија дека во март треба да започне санацијата на свлечиштето на карпата Цуцка под Долни дуќани. Проектот вреден над 20 милиони денари ќе го финансира ЈП за Државни патишта, а вклучува: санација на свлечиштет она оштениот дел од коловозната лента и изградба на потпорен ѕид помеѓу пругата и регионалниот пат.
Инаку, големите одрони од ридот Цуцка кај Долни Дуќани кај Велес се случија на 13 март 2018 година, кога беше попречен патот Велес – Градско и пругата Велес-Гевгелија, но за среќа во несреќа немаше жртви.
Ново на Сител
-

Пожар на Исар во Штип, загрозени куќи – се бара воздушна поддршка
-

Над 400 монети откриени на локалитетот Градиште кај Битола, меѓу нив и од Филип II и Александар Велики
-

Струмица ќе подигне спомен обележје во чест на загинатите пилоти од Хеликоптерската единица на МВР
-

Во Грција ќе пристигнат 245 пожарникари од четири земји за да помогнат во справувањето со пожарите
-

Мицкоски: Нашата визија е јасна - да изградиме држава во која успехот нема да зависи од привилегии, туку од знаење
-

СП 2026: Хрватскиот селектор смета дека одиграле натпревар со многу емоции
-

Мицкоски: Одржливоста веќе не е избор, туку предуслов за конкурентност
-

Руско МНР: Москва е подготвена да ги продолжи преговорите со Киев
