-->
-->
Во Велес утре второ авионско третирање против комарци
-->

Општина Велес ја информира јавноста дека второто авионско третирање против комарците ќе се спроведе утре во периодот од 5,00 до 6.30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат, авионското прскање ќе се изврши наредниот ден на 30 јуни.
Од службата за информирање на Општина Велес појаснуваат дека како и во првото прскање кое се изведе на 23 мај и со ова второ ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И овојпат како и досега ќе се третира рекреативниот центар Езеро „Младост“ со непосредната околина.
Воедно, се известуваат пчеларите во времето на третирање и три-четири часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради безбедноста на пчелните семејства, потенцираат од Општина Велес.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Коцевски поднесе оставка пред собраниската седница за негово разрешување
-

Собранието ја констатираше оставката на Коцевски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Никој нејќе да биде дел од раководството на СДСМ, Филипче да поднесе оставка
-

СДСМ ја лансираше платформата М.И.Ц.К.О, ги повика граѓаните да пријавуваат криминал и корупција
-

Откупена половина од годинешната реколта на тутунот
-

Засилени инспекциски контроли и мерки за намалување на аерозагадувањето во Струмица
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Новиот обвинител мора да биде професионалец и да се бори за правда
