-->
-->
Во Велес се одржа 9.„Сладоледијада“
-->

Во организација на Здружението на жени за мултикултурни активности „Креација 2009“ вчера во Велес се одржа 9. манифестација „Сладоледијада“.
Освен забавен манифестацијата има и натпреварувачки карактер со изработка на интересни креации комбинирани со сладолед. Годинава учествуваа осум жени од кои четири првпат.
Жири комисијата одлучи првата награда да и припадне на Грозданка Павлова која вторпат учествува на манифестацијата, а овојпат со креацијата „Невеста“.Второто место го освои Стефанка Ќулумова која за првпат учествува и трето место освои Сања Петрова, а која по вторпат учествува на манифестацијата. Сите за награда добија повеќе килограми сладолед од спонзорот, а првонаградената и патување.од ТА „Невадо“.
Рајна Стојанова, претседател на Здружението „Креација 2009“, вели дека целта на манифестацијата е да дојде до израз креативноста на учесничките. - Воедно едно од мотото е и соработката на невладиниот сектор со бизнис секторот. И затоа упатуваме повик и до останатите фирми за соработка со невладиниот сектор и на овој начин воедно и рекламирање на еден поинаков посебен начин преку оваа манифестација, изјави Стојанова.
Првонаградената Грозданка Павлова вели дека е задоволна од манифестацијата каде до израз доаѓа нивната креативност.
- Одлучив мојата креација да биде „Невеста“ бидејќи невестата е само еден ден и е посебна.Ја земав куклата од мојата внука и ја облеков во фустан-смеса од бисквити и сникерс и сето тоа го украсив и дополнив со сладолед, а тоа им се допадна на жирито и на присутните, појаснува Павлова.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Транспортерите на предупредувачки протест ако нема решение, ќе ги блокираат границите
-

Вишото Обвинителство ја врати истрагата за Мазутот во ТЕЦ Неготино - утврдени слабости во вештачењето
-

Случајот „Михаилова“ под лупа на бугарската политика
-

Гаши: Нема да дозволам злоупотреба на Деловникот да доведе до избори
-

Партиски обвинувања - дали се преговара за државен или приватен дата центар?
-

За 10 години бројот на првачиња намален за 10 000
-

20 милиони денари инвестиции за подобри услови во прилепските училишта, годинава 30 првачиња помалку од лани
-

Ангелов: Пожарот на Пелистер еден од најтешките за гаснење
