-->
-->
Во Велес се обновува уништената урбана опрема
-->
Во паркот пред ООУ „Васил Главинов“ во новиот дел на Велес екипи на ЈКП „Дервен“ започнаа со замена на уништената урбана опрема со нова.
Како што информира градоначалникот Славчо Чадиев во изминатиот период оваа локација често беше мета на оштетување од страна несовесни поединци.
- Апелираме до Вас почитувани сограѓани, чувајте го она што е создадено. Нека остане наша гордост. Наместо за поправка на урбаната опрема нека останат средства за нов парк, за ново катче за игра и одмор, истакна Чадиев.
Тој најави дека оваа пролет целосно ќе биде обновена урбаната опрема и во другите паркови и јавни површини во Велес.
Инаку, Општина Велес во 2014 година само за обновување на уништената урбана опрема од општинскиот буџет потроши 15 илјади евра, а слична парична сума беше издвоена за оваа намена и минатата година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Виткоф му одговара на Хамас дека нивните барања се „целосно неприфатливи“
-
Насилства низ Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампиони
-
Илон Маск: Не земам дрога
-
Протести на студентите во блокада во 34 градови во Србија
-
Премиерот Мицкоски во посета на Институтот за јавно здравје
-
„Вози право, вози здраво“, најмасовниот вело настан на скопските улици
-
Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради трка со велосипеди, тротинети
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност