Во Велес се намалува бројот на заболени од сезонски грип и овчи сипаници
Во последната недела од јануари се регистрирани 17 заболени од сезонски грип. Вкупниот број болни од грип во текот на изминатиот месец изнесува 360, покажуваат податоците на ЈЗУ Центар за јавно здравје.
Како што информира епидемиологот др Билјана Трајкова, меѓу заболените едно дете било на возраст до 4 години и едно во групата до 14 години, а 15 заболени биле во групата од 15-64 години.
Таа посочи дека избегнато е стравувањето дека стартот на второто полугодие за учениците ќе го зголеми бројот на заболени од сезонски грип.
- Инаку во трите претходни недели беа регистрирани 343 болни од сезонски грип од кои најголем дел 210 во првата недела. Споредено се декември кога имаше рекордни 1.756 заболени, бројот на болни драстично се намалува, потенцира Трајкова.
Воедно, таа информира дека изминатата недела опаднал и бројот на заболени од овчи сипаници, во јануари биле регистрирани 36 заболени, а во декември 190, главно деца од претшколска и школска возраст.
- Лани беа регистрирани вкупно 871 заболени од овчи сипаници или варичела што беше и најмногу во последниве десетина години.По тој налет на болеста која е циклична со максимален број на заболени на секои четири до пет години, во последниве денови таа веќе драстично се намалува, додаде Трајкова
Ново на Сител
-
Пред пратениците следниот месец закон со кој ќе се спречи изградба на катната гаража зад Парламентот, најави Гаши
-
Трамп блокираше помош од 50 милиони долари за кондоми за Хамас
-
ЕК одвои една милијарда евра за проекти за развој на нови одбранбени технологии и капацитети
-
Притвор од осум дена за хирургот од Битола осомничен за земање поткуп
-
Најмалку 30 тела досега се извлечени од Потомак по судирот на авион и хеликоптер кај Вашингтон
-
Европол: Уапсени над 400 лица во борбата против лажни лекови во 30 земји
-
Кошта: Членките на ЕУ и НАТО се подготвени да ги зголемат трошоците за одбрана на над два отсто од БДП
-
Општина Битола обезбеди финансиска поддршка за лица со ретки болести